Денес во просториите на КИЦ „Култура 365“ се одржа поетски рецитал посветен на македонскиот поет Саме Лимани – Жарноски (1935-2007). Свој осврт кон творештвото на поетот поднесе м-р Лидија Размоска, а стихови читаше Каролина Гроздани.

За Лимани-Жарноски зборуваше и писателот Мишо Јузмески, кој во една од своите книги има пишувано за значењето на овој македонски поет.

Настанот беше збогатен со евоцирањето спомени на присутните кои се осврнаа на нивното дружење со Саме Лимани – Жарноски.

OhridNews

фото: „Мишо Јузмески“