Денес се одржа Општинскиот натпревар во атлетика за учениците од основните училишта во организација на Сојузот на училишен спорт, а под покровителство на Локалната самоуправа.
Наградите на најдобрите учесници им ги додели заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.
На натпреварот зедоа учество ученици од 6-то до 9-то одделение од сите основни училишта во општината. Учесниците се натпреваруваа во 9 категории, а најдобрите ќе бидат дел од Државниот натпревар во атлетика кој ќе се одржи во сабота на 11-ти мај 2024 година во Охрид, во организација на Федерацијата на училишен спорт, информираат од Општина Охрид.
На државниот натпревар, додаваат, ќе земат учество и најдобрите учесници од Општинскиот напревар во атлетика за средните училишта кој се одржа во текот на претходниот период.
OhridNews