Одржан Младинскиот турнир во шах Ласкер 2022 за учениците од основните училишта од Општина Охрид во организација на ШК Ласкер Охрид, во согласност со Годишната програмата за работа на клубот, финансирана од Општина Охрид. Турнирот се одржа во ООУ Братство Единство Охрид.

Учесниците беа поделени во две категории пионери (до 5 одд), на кој турнир учествуваа 40 ученици од кои еден учесник оди во ЈОУДГ Јасна Ристеска Охрид и кадети (од 6 до 9 одд) во која категорија учествуваа 22 ученика. Турнирите се играа по Швајцарски систем во 6 кола, информираат од Клубот.

На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – пионери медалјите ги освоија:
1 место Мартин Серафимоски, со освоени максимум 6 поени од ООУ Христо Узунов,
2 место Драган Анѓелоски, со освоени 5 поени од ООУ Григор Прличев,
3 место Јована Котушеска, со освоени 5 поени и послап бухолц од ООУ Григор Прличев.

На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – кадети, медалјите ги освоиа:
1 место Стефан Матески, со освоени максимум 6 поени од ООУ Григор Прличев,
2 место Ивана Велкоска, со освоени 5 поени од ООУ Григор Прличев,
3 место Мартин Бирачоски, со освоени 4 поени и најдобар бухолц од ООУ Братство Единство.

Турнирот е финансиски подржан од Општина Охрид.

OhridNews