Денеска во ООУ Братство Единство Охрид се одржа турнир во шах за шахисти од општините Охрид, Дебрца, Струга и Вевчани.

Турнирот за отворен го прогласи Перчо Божиновски советник во Општина Охрид, кој од име на градоначалникот Кирил Пецаков им посака успех и фер борба на шахистите.

Меѓу денешните учесници уверен сум дека има ислучителни велемајстори, судиии и теоретичари, величествени играчи кои сигурно има да станат дел од светската шаховска историја. За спортистите Охрид е одлично место за подготовки и одржување спортски настани и Локалната самоуправа со своето посветено работење придонесува Охрид да биде ставен на светската мапа не само како туристичка, туку и спортска дестинација. Токму затоа и во иднина има да продолжиме да ги поддржуваме ваквите спортски случувања, рече Божиновски.

На турнирот учествуваа 16 шахисти и притоа беа постигнати следните резултати. Љупчо Попаѓоски го освои првото место со 6 поени од 7 партии, Александар Алексовски го освои второто место со 6 поени, но послаб бухолц, а третото место му припадна на Ерол Су со освоени 4,5 поени.

Сувенирот за прво место е донација на познатата охридска фамилија изработувачи на Охридски бисер Филеви.

ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид, а упатуваат и благодарност до ООУ Братство Единство Охрид за целокупната подршка.

OhridNews