Во прекрасниот Емералд Ресепшонс во Томастон-Австралија, со голем број гости, иселениците од Охрид го одржаа 35- тиот јубилеен Охридски бал. И оваа година по традиција, во организација на охридското социјално друштво, со свечениот бал се прослави и големиот православен празник Свети Наум Охридски Чудотворец.
Управниот одбор на друштвото се погрижи свеченоста да биде на високо ниво, а картите беа распродадени долго време пред одржувањето.
За забавата се погрижија Наум петрески и Зуица Лазова, пратени од изворедните музичари Илија Тотески- Тота и Џеват Рамаданоски со групата Легато од Мелбурн.
На самиот почеток на балот преседателот Васко Ангеловски ги поздрави присутните посакувајќи им уште многу години здрави и весели да се слави празникот на заштитникот на нашиот град.
Меѓу присутните беа ВДЕ Амбасадор на Република Македонија, Грета Станоевска со сопругот, отец Ефтим Бетински ,Отец Гаврил и Отец Јован Димитров.
Во поздравниот говор госпоѓата Станоевска изрази задоволство што присуствува на балот, затоа што за неа Охрид е најубавиот град во Македонија и пошироко. Беше прочитана честитка од Преседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и од Метрополит Дебарско – Кичевски и Администратор Австралиско-Сиднејски г. Тимотеј.
Кумови на годинашнава слава беа Петар и Даниела Џепароски со фамилијата, а славата ја благословија Отец Ефтим Бетински и Отец Гаврил.
Главни спонзори се Ray White од Thomastown и фамилијата Филеви, позната по изработување на охридскиот бисер.
Како што информира преседателот на друштвото Васко Ангеловски, собраните средства од влезниците за балот и ова година ќе бидат наменети за здраствениот систем и згрижените во Општата Болница во Охрид, како и за други хумани проекти.
Охридското социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн Австралија, повеќе од три децении ги помага социјално загрозените граѓани во Охрид и одржува силни врски со родниот крај. За нивните хуманитарни активности, здружението ја доби и Повелбата на Република Македонија за македонскте иселенички организаци „Македонија Памети” од преседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Настанот беше професионално сниман од ДГИ видео и ИНТВ Австралија, а за фотографиите се погрижи Стевче Македонче (Стеве Браилсворд).
Кумови за наредната година се Митко и Весна Караџуле.
Лидија Ангеловска