Најпрвин рачно бил расчистен дел од патот и бил воспоставен сообраќај, а поголемите камења со помош на механизација ангажирана од локалната самоуправа биле отстранети од коловозот. Одронот бил целосно саниран околу 20 часот.
Дождот во охридско и вечерва силно врне, а на повисоките места, меѓу кои и Куратица, се очекува и првиот снег. Од Месната заедница на селото информираат дека вакви одрони се случуваат редовно во овој период од годината, поради што, според неа, неопходно е да се обезбеди патар и редовно со механизација да се одржува локалниот пат од Прентов мост до Куратица.