Организатарот на Евробаскетот 2013 година Словенија ги објави термините на одиргрување на мечевите на македонската кошаркарска селекција.

Македонија петте натпревари во групата ќе ги одигра во три различни термини, а пулените на селекторот Алеш Пипан ќе имаат тешка задача да го повторат историското четврто место освоено во Литванија.

Европското првенство “црвено жолтите“ го почнуваат со Црна Гора на 4 септември во 17:45 часот. На 5 септември следува дуелот со Литванија во 21 часот, а во истиот термин е закажан и натпреварот со Србија на 6 септември.

Кошаркарите имаат еден ден пауза и на осми септември во 14:30 ќе се сретнат со Босна и Херцеговина додека групната фаза ја завршуваат во истиот термин против Латвија.

Мх.П.