Во спортскиот центар „Климент Колески“ в недела во 16 часот ќе се одигра меморијален фудбалски натпревар во чест на прерано починатите ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка.

Екипата А ја сочинуваат: Јулијан Здравковиќ, Трајко Пројковски, Филип Јовановски, Дарко Левески, Сашо Митан, Жанко Зш Голабоски, Мишел Наумоски, Предраг Савиќ и Сузана Вренцовска.

Екипата Б ќе биде составена од: Јане Стефанов, Тони Ангелески, Горан Момироски, Тони Најдески,Татјана Маленкова, Соња Рилковска, Дарко Димитриевски, Марјан Шуминоски и Александра Ристоска.

Фудбалскиот натпревар кој има меморијални цели од оваа година ќе прерасне во традиционален.

Ohridnews