Охриѓанецот Славчо Мирчевски (скок во далечина) ќе ја предводи македонската атлетичарска експедиција на Балканијадата во сала, која стартува в сабота, во Атина, Грција.

Покрај Мирчевски во Атина ќе патуваат и Ивана Рожман (60 м), Александра Спасеска (скок во далечина), Кристина Ристеска (400 м), Кристијан Ефремов (400 м), Ѓорѓи Трендафилов (3.000 м).

На последната проверка (пред стартот во Атина), на Отвореното првенство на Бугарија, македонските атлетичари ги постигнаа следниве резултати: Ефремов (400 м) 53,13 сек., Трпески (60 м) 7,53 сек., Мирчевски (далечина) 6,19 м, Спасеска (далечина) 5,38 м, Кристина Ристеска (400 м) 1.02, 48 мин., Јовановски (височина) 1,85 м, Милчевски 800 м (2.01,44), Трендафилов (3.000 м) 9,26,70 мин.

ohridnews