Челниците на европскиот фудбал (УЕФА) на денешниот состанок преку видео конференција одредија нови термини на финалните натпревари во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.
Стадионите и градови домаќини остануваат исти, се менуваат само термините. Финалето во ЛШ ќе се одигра на 27 јуни на „Кемал Ататурк“ арената во Истанбул додека финалето во ЛЕ ќе се одигра на 24 јуни на Арената во Гдањск.
На состанокот одлучено беше да се одложат бараж натпреварите и Европското првенство, а националните шампионати да продолжат во мај, после евентуална стабилизација и исчезнување на коронавирусот.
OhridNews