По долги години најави и бројни инциденти, конечно ќе се утврдат водните патишта на Охридското Езеро, што треба да придонесе за зголемување на безбедноста во водниот сообраќај.

Првиот чекор направен е викендов со определување на местата за поставување на пловки за обележување на пловен пат маркирање на акваторијата каде пловилата ќе можат да се движат со крстаречка или максимална брзина, незагрозувајќи ги капачите и останатите рекреативци.

Оваа вест раководителот на охридската капетанија Горан Устијаноски реши да ја сподели на својот профил на „Фејсбук“.

-Одредени се 38 места на кои ќе бидат поставени светлечки и несветлечи пловки изработени по правилата на ЦЕВНИ ( Европски правила за обележување на пловни патишта ). Проектирањето е во завршна фаза, а проектот се очекува да биде реализиран до почетокот на сезоната.– напиша Устијаноски.

Во определувањето на местата за поставување пловки за обележување на водните патишта на Охридското Езеро, помогнале Хидробиолошкиот завод, како и стручни лица од областа на пловидбата.

OhridNews