Дисциплинската комисија во УФЦ ги изрече казните за Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор за инцидентот кој се случи после нивната борна во октомври месец минатата година.
Нурмагомедов кој победи отиде да се пресмета со луѓето од стручниот штаб на МекГрегор. Во откагонот и во првите редови настана хаос, а полицијата во Невада каде се одржа борбата мораше да реагира и да ги раздели двата табори.
За иницирањето на инцидентот Нурмагомедов доби девет месечна суспензија, додека МекГрегор ќе паузира шест месеци. Нурмагомедов ќе плати 500 000 долари, а МекГрегор 50 000 долари за неспортско однесување на јавно место.
Финансиски санкции добија членови од стручниот штаб на Нурмагомедов кој влегоа во рингот и го нападнаа МекГрегор. Казната за двајцата борци започнува ден после борбата.
OhridNews