Познати се групите за Светското првенство во кошарка, што  ќе се игра во Турција од 28. август до 12. септември следната година.

На планетарниот собир ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи, кои своите натпреварите ќе се играат во Истанбул, Измир, Кајзери и Анкара.

Составите на групите:

Група А: Аргентина, Србија, Австралија, Германија, Ангола, Јордан

Група Б: САД, Словенија, Бразил, Хрватска, Иран, Тунис

Група Ц: Грција, Турција, Порторико, Русија, Кина, Брег Слонова коска

Група Д: Шпанија, Франција, Канада, Литванија, Нов Зеланд, Либан

Ohridnews