Реномираниот спортски весник „Франс фудбал“ го објави списокот на 30 фудбалери кои ќе конкурираат  во изборот за најдобар фудбалер за 2018 година.

Во гласањето за најдобриот фудбалер учествуваат новинари од 176 земји. Тие можат да гласаат за пет фудбалери. Првиот на листата добива шест поени, вториот четири, третиот три, четвртиот две и петти еден поен.

Конечниот победник и носител на престижната „Златна топка“ ќе биде избран на 3 декември на гала церомонија во Парис.

„Франс Фудбал“ наградата за најдобар фудбалер ја доделува од 1956 година, а од 2010 до 2015 година наградата ја доделуваа заедно со ФИФА која неодамна го прогласи Лука Модриќ за крал на фудбал.

Номинирани:

Лука Модриќ (Реал Мадрид/Хрватска)

Марсело (Реал Мадрид/Бразил)

Иско (Реал Мадрид/Шпанија)

Карим Бензема (Реал Мадрид/Франција)

Герет Бејл (Реал Мадрид/Велс)

Серхио Рамос (Реал Мадрид/Шпанија)

Рафаел Варан (Реал Мадрид/Франција)

Тибо Куртоа (Челси – Реал Мадрид/Белгија)

Мохамед Салах (Ливерпул/Египет)

Садио Мане (Ливерпул/Сенегал)

Роберто Фирмино (Ливерпул/Бразил)

Алисон Бекер (Рома-Ливерпул/Бразил)

Лионел Меси (Барселона/Аргентина)

Луис Суарез (Барселона/Уругвај)

Иван Раќитиќ (Барселона/Хрватска)

Нејмар (ПСЖ/Бразил)

Едисон Кавани (ПСЖ/Уругвај)

Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција)

Ентони Гризман (Атлетико Мадрид/Франција)

Јан Облак (Атлетико Мадрид/Словенија)

Диего Годин (Атлетико Мадрид/Уругвај)

Кристијано Роналдо (Реал Мадрид – Јувентус/Португалија)

Марио Манџукиќ (Јувентус/Хрватска)

Хуго Лорис (Тотенхем/Франција)

Хари Кејн (Тотенхем/Англија)

Кевин де Брујне (Мен Сити/Белгија)

Серхио Агуеро (Мен Сити/Аргентина)

Еден Азард (Челси/Белгија)

Н`голо Канте (Челси/Франција)

Пол Погба (Мен Ју/Франција).

OhridNews