Во понеделник (28 декември) во 14 часот во Општината Охрид, Сојузот на спортови ќе ги прогласи најдобрите спортисти во Охрид за годината што изминува.


Управниот одвор на Сојузот на спортови во Охрид понеделникот одржа состанок на кој беа разгледани и простудирани сите апликации.

И оваа година Сојузот на спортови ќе одбира најдобар спортист, најуспешни млад спортист и спортиска, најдобра екипа, најдобар тренер и најуспешен спортски работник.

Покрај овие награди ќе има признание за животно дело, најмасовен и фер плеј клуб и настан на годината.

Минатата година епитетот за најдобар спортист во Охрид го понесе велосипедистот Јован Јованоски од клубот Екодром.

Ohridnews