Со дуелот против штипски Текстилец на 8/9 март охридските ракометари ќе го започна пролетниот дел од сезоната во Супер лигата. Првата етапа „гладијаторите“ ја минаа на десеттата позиција.
До разврската од првиот дел во елитата остануваат уште четири натпревари, а потоа екипите се делат во две групи по шест тима и едните разигруваат за титула, а другите за опстанок.
Во зимскиот преоден рок охриѓани се засилија со едно ново име Игор Милосавлевиќ, но останаа без моторот на тимот Ристе Томоски, кој го напушти Охрид.
Покрај мечот со Текстилец избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ќе се сретнат со Радовиш, Зомимак и во последнта рунда со Металург Јуниор.
Распоред :
8/9 март Р.К. Текстилец – Р.К. Охрид
15/16 март Р.К. Охрид – Р.К. Радовиш
22/23 март Р.К. Зомимак – Р.К. Охрид
29/30 март Р.К. Охрид – Р.К. Металург Јуниор
Мх.П.