Јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон традиционално ќе се одржи во осмиот месец од годината односно на 20 август.
Светската пливачка федерација (ФИНА) одново како и минатата година Охридскиот пливачки маратон го смести за претпоследен во Гран при серијата.
Годинава тронот на патеката „Климе Савин“ ќе го брани Македонецот, Евгениј Поп Ацев кој со триумфот во Охрид широко си ги отвори вратите за шампионската титулата.
Новата сезона во Гран при серијата ќе започне во Аргентина со маратонот Санта Фе, потоа, возбудувањата во водите се преселуваат во Канада на патеката Сен Жен. Гран при серијата завршува во Европа со маратоните во Охрид и Капри-Наполи, Италија на 4 септември.
Мх.П.