В сабота во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во рамките од четвртата рунда од плејаутот во Супер лигата ќе се одигра дербито помеѓу ракометните екипи на Охрид – Струга.
„Езерското“ дерби во регуларниот дел од Супер лигата ги надмина очекувањата на теренот и на трибините, а исти епилог се очекува и на пресметките кои следуваат во плејаутот.
Охрид и Струга имаат максимален ефект по три одиграни мечеви во плејаутот, а дербито доаѓа во вистински момент бидејќи двете екипи се наоѓаат во добра натпреварувачка форма.
Во првата фаза од шампионатот, „гладијаторите“ славеа пред своите гледачи со 26-23, додека стружани возвратија победувајќи во СРЦ „Тими“ со 29-24.
OhridNews