Охридските ракометари натпреварот со Пелистер на домашен терен во 11-та рунда од Супер лигата ќе го одиграат в сабота со почеток во 18:00 часот.


Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски се во мини криза откако претрпеа пораз на последните четири натпревари.

Наспроти нив ракометарите на Пелистер во дерби средбата со второпласираниот Тинекс Пролет забележаа победа и осоколени ќе допатуваат во Охрид.

Првиот натпревар одигран во второто коло од првата полусезона им припадна на битолчани со убедливи десет погодоци предност.

Мх.П.