В петок 11 април охридските ракометари против Металург Јуниор ќе го одиграат последниот натпревар во регуларниот дел од Супер лигата.

Мечот, кој требаше да се одигра изманатиот викенд беше одложен поради репрезентативните обрвски на поголем дел од играчите на Металург Јуниор.

Натпреварот ќе биде без резултатско значење бидејќи „јуниорите“ обезбедија пласман во разигрувањето, а охриѓани се во долниот дел од табелата и ќе се борат за опстанок.

Ждребката во Купота на Македонија за четвртфиналните натпревари во групи ќе биде на 15 април во 11 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија.

Мх.П.