Најавите за повторување на боксескиот дуел помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд добија официјална потврда. Тајсон на своите профили на социјални мрежи објави дека договор е постигнат и двете боксерски ленгеди во рингот ќе се судрат на 29 мај, во Мајами.

Пресметката на Тајсон и Холифилд ќе биде интересна, поради бурното минато и ривалство. Најголем печат на нивното ривалство остави борбата во 1997 година кога Тајсон му откина дел од увото на Холифилд. Борбата беше прекината, а победата му беше доделена на Холифилд. Една година претходно, во 1996 година исто така триумф славеше Холифилд. Тогаш со нокаут во 11-та рунда.

Финансискиот договор не е откриен, но се споменуваат околу 25 милиони евра договор за двајцата боксери.

OhridNews