В сабота на 27 јули на плажата „Кадмо“ ќе се одржи ревијален аматерски боди билдинг натпревар во машка и женска конкуренција.

Ревијалниот аматерски натпревар го организира боди билдинг центарот „Фит Форм“, а од таму најавуваат богати награди за победните и незаборавно шоу проследно со настапи на познати естрадни уметници.

– Голема благодарност до сите кои ми помогнаа околу подготовките за одржување на ревијалниот боди билдинг натпревар во Охрид. По подолго време градот ќе добие боди билдинг натпревар, а ова ќе биде најава за она што следува во октомври, а тоа државното првенство на Македонија – рече организираторот, Гоце Мојсоски.

Започна пријавувањето за ревијалниот натпревар, а заинтересираниот учесници кои сеуште се немаат пријавено можат тоа го направат во „Фит Форм“, (Гоце 070 53 34 97) или (Трајче 075 30 23 04).

Мх.П.