Во последната сабота од август месец во водите на Охридското езеро ќе се одржи 29. Охридски пливачки маратон, кој е дел од Светската гран при серија.

Најголемата спортска манифестација во Македонија на 29 август на едно место ќе ги собере најдобрите пливачи од светот, а 30 километарската патека „Климе Савин“ е претпоследна на распоредот во новата сезона.

Охридскиот пливачки маратон минатата година понуди возбудлива завршница и во фото финиш Белгиецот, Брајан Рикеман победи пред македонскиот маратонец Евгениј Поп-Ацев и Французинот, Јоанес Хедел.

Во женска конкуренција во неизвесна борба до самиот крај триумфираше Силвана Рибарова од Чешка пред Аргентинката, Геило.

Маратонот е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а сериозна улога во организацијата има и Општината Охрид.

Покрај Охридскиот пливачки маратон во новата сезона маратонците за титулата најдобар светски пливач ќе се натпреваруваат во Аргентина, Мексико, Канада и Италија.

Мх.П.