Викендов кој доаѓа во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи завршниот турнир во Младинската ракометна лига на кој учествува ќе земат најдобрите четири екипи од регуларниот дел во сезоната.
Довербата за организација од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја доби Ракометниот клуб Охрид, кој на големо се подготува за собирот на најдобрите екипи во младинска конкуренција.
Полуфиналната програма ќе ја отворат екипите на Струга и Металург кои ќе се сретнат во 17 часот, а ќе ја затворат домаќинот Охрид и КЛ7 со дуелот во 19 часот. Мечот за трето место ќе се одигра в недела во 15 часот и 30 минути, додека финалето е закажано за 17 часот и 30 минути.
Распоред:
Сабота:
17ч. Струга – Металург
19ч. Охрид – КЛ7
Недела:
15:30ч Меч за трето место
17:30ч Финале
OhridNews