Суд во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организација на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди.

Тие се обвинуваат за напад врз унитарноста на државата, намерни убиства и за обиди за убиства, јави агенцијата Анадолија.

Судот од притвор ослободи тројца осомничени, до почетокот на судењето.

Издадена е и наредба од Турција да се депортираат 29 лица, кои полицијата ги уапси во врска со нападот.

Како што пишуваат дел од медиумите, турските власти за нападот го обвинија сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК). Меѓутоа, ПКК негираше вмешаност во овој напад.

OhridNews