Притвор од 14 дена одреден му е денеска на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер од страна на истражен судија во Салцбург во постапката за негова екстрадиција од Австрија, јавува новинската агенција „Макфакс“.

Санадер беше уапсен вчера во Австрија врз основа на меѓународна потерница распишана од Хрватска, каде што е обвинет за корупција додека бил на чело на владата.

Истражниот судија пред да го упати Санадер во затворската ќелија, го запрашал  за неговиот идентитет и за обвиненијата кои се подигнати против него.

Како што пренесе хрватската државна агенција Хина, екстрадикиониот притвор на Санадер ќе му трае најмалку две недели.

OhridNews