Одреден нов датум за изложбата на фотографии од мотоцикли од 50-тите во Охрид. Се работи за фотографии и случки од минатото кои се документирани низ фотографијата.

Поради зголемен интерес и мноштво на фотографии и сегменти кои ни пристигнуваат секојдневно, учество земаат се повеќе спомени и разговори, а со оглед на краткото време за да се подготви целиот настан, како што заслужува и долекува, го поместуваме почетокот на изложбата. Новиот датум кој е одреден е 13 декмеври, а ќе трае до 23 декември, секој ден од 10 до 19 часот, информираат организаторите. 

Како што претходно информираа организаторите на изложата низ фотографиите ќе може да се погледне какви мотори се возеле низ нашиот град во минатото, кои се фраерите/убавиците на веспа на изложените фотографии, дали во минатото се одржувале трки низ Охрид и на кои локации.

Изложбата ќе се одржи во просториите на Амбасадор Mото центарот, а истата ја подготвуваат во соработка со Историски Архив Охрид.

OhridNews