Лутите спортски ривали Охрид и Струга со меѓусебна дерби пресметка ќе означат почеток на втората етапа во регуларниот дел од Супер лигата. Стружани, кои се домаќини на втората епизода од „езерското“ дерби мечот го закажаа за в сабота во 19 часот во СРЦ „Тими“.
Ракометниот клуб Струга со оглед на ривалството со клубот од Охрид и големиот интерес ќе преземе секакви мерки дербито да помине во најдобар ред и спортска атмосфера.
Се што е во наша моќ ќе направиме дербито да помине во најдобар ред. Апелираме за коректно навивање и спортска атмосфера. Сите заедно да направиме нова успешна епизода од дерби средбите помеѓу Струга и Охрид. – изјавија од клубот за Ohrid News.
На охридските ракометари бодови од дербито со Струга им се од исклучително значење, додека стружани ќе играат за честа, бидејќи немаат шанси за плејоф, а опстанокот во елитата не им е загрозен.
Во првата пресметка одиграна минатиот октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ славеше Охрид кој победи со 26-23 против Струга.
OhridNews