Евролигата ги соопшти петте кошаркари кои го одбележаа регуларниот дел од сезоната во најквалитетната лига во Европа според медиумите и кошаркарските симпатизери.

Довербата од седмата сила и навивачите втора година по ред ја добија Ник Калатес од Панатинаикос и Јан Весели од Фенербахче, додека за прв пат помеѓу најдобрите се Вил Клајбурн (ЦСКА Москва), Брендон Дејвис (Жалгирис) и Коста Слукас (Фенербахче).

Наградата за најдобар дефанзивец замина во рацете на Валтер Табарес (Реал Мадрид), а за ѕвезда во подем прогласен е Гога Битадзе од Будуќност.

Наградите за најкорисен кошаркар и најдобар тренер ќе биде доделени после завршување на Ф4 турнир. Годинава домаќин е шпанскиот град Виторија, а во полуфиналето ќе се сретнат Фенербахче – Ефес Анадолу односно Реал Мадрид – ЦСКА Москва.

Најдобрата петорка:

Ник Калатес (Панатинаикос)

Вил Клајбурн (ЦСКА Москва)

Брендон Дејвис (Жалгирис)

Коста Слукас (Фенербахче)

Јан Весели (Фенербахче)

Најдобар дефанзивец:

Валтер Табарес (Реал Мадрид)

Ѕвезда во подем:

Гога Битадзе (Будуќност)

OhridNews