Врз основа на Записникот од одржаниот состанок на Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од 24.07.2015 година, како и врз основа на предлог листата со апликанти кои ги исполнуваат условите за субвенционирање , доставени од страна на Комисијата за спроведување на постапката, од локалната самоуправа информираат дека се усвојува барањето за субвенционирање на трошоци за: потрошена вода за пиење, за гробарина, одведување на отпад, одведување на отпадни и атмосферски води.

Имињата на граѓани чии комунални трошоци ќе бидат субвенционирани можат да се најдат на општинската интернет страна.

OhridNews