Одобрени се 5.700.000 денари за доуредување на голф теренот кај поранешната касарна во Охрид, објави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на официјалниот фејсбук профил.
Ова е прва ваква инвестиција во нашите туристички центри. Подобрување и зголемување на туристичката понуда на најголемиот туристички центар во Македонија, е важна за привлекување на поголем број на туристи, напиша Милевски.
Иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид, додава Милевски.
OhridNews