Во пресрет на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид и 80 години слободен Охрид, Лајонс клубот „Лихнидос“ и проф. д-р Зоран Тунтев одново ја осветлија бистата на поетот и преродбеник „Григор Прличев“ пред охридската библиотека.
За жал осветлувањето во неколку наврати претрпе оштетувања од страна на вандалите. Да се надеваме дека сега подолго ќе трае, велат од Библиотеката.
Воедно, упатуваат благодарност за убавиот гест до д-р Тунтев и ЛК „Лихнидос“.
OhridNews