На Управниот одбор во Охрид првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски образложи зошто Марјан Србиновски на месец дена пред почетокот на Европското првенство го смени Александар Џикиќ на селекторската позиција.
– Џикиќ прво правеше раздор во селекцијата со ветувањата на кошаркарите за ангажман во неговиот следен клуб. Тој во разговор Заре Маркоски на почетокот од јули месец побара 20 000 евра од напред за неговиот ангажман за селектор на Македонија на Европското првенство. – рече Наумоски.
Наумоски на УО потенцираше дека пред да биде ангажиран Србиновски бил контактиран Марјан Докузовски со кој Македонија стигна до историскиот пласман на четвтата позиција на ЕП во Литванија. – Откако добивме негативен одговор од Докузовски се насочивме кон Србиновски кој констатно беше дел од селекцијата. Пред неговиот избор имавме средба со Врбица Стефанов кој исто така ни го посочи Србиновски како добар и реален избор.
Предводникот на МКФ, Наумоски отворено го критикуваше Ричард Хендрикс кој потрфли на Европското првенство. – Тој разочара со односно и играта на Евробаскетот. Неговиот статуст во репрезентацијата е доведен под знак прашалник. Нашиот прв избор беше Лестер бо Мекелејб, но не испадна како што планиравме.
На УО беше промовиран новиот генерелен секретар на МКФ, а тоа е Моника Гаврилоска која е една од најдобрите кошаркарки во македонската историја.
– Ќе имам можност да го работам она што вистина го сакам. Пред нас престои многу работа бидејќи кошарката во Македонија бележи слободен пад. Имаме доста задачи и ќе одиме чекор по чекор. – рече Гаврилоска.
Викендов на МКФ во Охрид ќе биде заокружен со финалниот натпревар во „Хуавеј“ супер купот во кој ќе се сретнат скопските ривали МЗТ Скопје и Работнички.
Мх.П.