Италијанската полиција го уапси Антонио де Марко кој е осомничен за убиството на италијанскиот судија  Даниеле Де Сантис и неговата девојка Елеонора Манте. 21-годишниот де Марко го признал убиството кое го изврши со повеќе од 60 убоди со нож и рекол дека го направил поради одмазда.

Желба за освета, чинија за послужување на студенило. Вистина е дека осветата не го решава проблемот, но неколку моменти се чувствувате задоволни. – напишал пред некое време Де Марко на социјалните мрежи.

Тој му се налутил на Де Сантис кој поради планот за заеднички живот со девојката Манте му рекол на Де Марко да се исели од станот. Де Сантис судеше во Серија Ц лигата, а претпоставените му предвидуваа брилијатна кариера.

 

OhridNews