Одложениот реванш натпревар во финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра надвор од границите на Аргентина, вака одлучи Јужноамеричката федерација на денешниот состанок. Датумот ќе биде 8 или 9 декември, а местото се уште не е познато.

„Супер класико“, како што го нарекуваат мечот помеѓу Ривер и Бока требаше да се одигра во саботата, но одложено беше поради нападот на клупскиот автобус на Бока од навивачите на Ривер со тврди предмети и камења. Неколку играчи од Бока се здобија со повреди, поради кои не беа во можност да играат во саботата, а и во неделата, за кога беше презекажан мечот.

Парагвај, Бразил и Италија се понудија да бидат домаќините на мечот на деценијата, но последниот збор околу изборот ќе го има Јужноамеричката федерација.

Првиот меч во финалето заврши 2-2, а реваншот ќе го даде новиот шампион и клупски владетел во јужноамеричкиот фудбал.

OhridNews