Ждрепката во македонскиот ракометен шампионат сакаше Металург и Вардар да се сретнат во петтото и последното коло од разигрувањето.

Со оглед квалитетот на овие две екипи нивните меѓусебни дуели ќе решаваат за новиот ракометен владател во Македонија.

Металург ја брани титулата, а сезонава играат како никогаш до сега. Обезбедија пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони и полуфинале во СЕХА лигата.

Пак Вардар ПРО предводен од Веселин Вујовиќ на клупата ќе ја напаѓа круната на Металург и ќе го прекинува владетелството на тимот од Автокоманда во македонскиот ракомет.

Мх.П.