Одлуката на Советот на општина Охрид, источната обиколница, која е во градба, да се именува „Јордан Мијалков“, не се почитува, велат советниците на ВМРО Народна Партија, кои беа иницијатори новата сообраќајница да го носи името на поранешниот министер за внатрешни работи.

-Советот минатата година донесе одлука источната обиколница да го носи името „Јордан Мијалков“, но истата се уште не е спроведена од страна на општинската администрација. Ние на два пати реагиравме и побаравме спроведување на одлуката, но таа и натаму останува заглавена во административните лавиринти, ни изјави Јоне Станкоски, советник од ВМРО НП.

Претставниците од советничките групи од останатите партии се воздржани околу оваа инцијатива и појаснуваат дека советот само започнал постапка за именување на споменатата улица, која е во процедура и сеуште не е донесена финална одлука.

Изградбата на источната трансферзала започна во 2008 година, а иницијативата на ВМРО НП таа да го носи името на поранешниот министер за внатрешни работи, предизвика различни реакции во јавноста.

OhridNews