Судбината во свои раце ја имаат во охридските сини кои во наредните три кола ќе играат со директните конкуренти во битката за опстанок. Откако службени им беа одземени бодовите по мечот со Локомотива, тимот на Вaрдар Дeкамел. Помина само со парична казна за сторениот инциднет. Во првото од трите кола охриѓани гостуваат токму на Вардар во Неготино. Доста тензичен беше првиот натпревар кој заврши 0-0, а охриѓани не задоволни од арбитражата го нападнаа судијата Жарко Димоски по што заработија забрана од два натпревари без публика.
Потоа во Вторник 22.04 на прогрмата е Езерското дерби. По пауза од неколку сезони повторно на сцена се врати охридско- струшкиот ривалитет. Штета што двете екипи се наоѓаат на дното на табелата па единствено што им се врти во главата е опстанокот и како побрзо до него.
Третиот клучен меч во борбата за опстанок Охриѓани ќе го одиграат на Билјанини Извори во Сабота 26.04 против Локомотива. Уште еден натпревар од шест бода.Серијата добри резултати ги врати во игра тимот од Карпош, но тоа ќе биде натпревар кој мора да се добие за охридските сини.
До крајот на шампионатот преостануваат уште осум кола а никој во опасната зона не може да се смета за сигурен.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com