Еден жител на Сан Франциско, кој бил идентификуван само како Хавиер В., донел новогодишна одлука да се откаже од игрите на среќа, кои му зеле повеќе пари, но пред одлуката да стапи на сила, минатата недела, наводно за последен пат, купил една грепка и изгребал милион долари.

Среќниот добитник рекол дека нема поим што ќе прави со парите, и дека самиот сеуште не можел да поверува дека му се случило такво нешто, и тоа баш во моментот кога решил еднаш засекогаш да престане со игрите на среќа. Статистичарите пресметале дека шансите за ваква добивка на оваа лотарија изнесувале 1 спрема 1,2 милиони.