Формула 1 шампионатот, Лигата на Шампиони во ракомет и германската Бундес лигата се нови спортски манифестации, кои, ги одложија натпреварите поради опасноста од коронавирусот.
Почетокот на Ф1 шампионатот е одложен за два месеци. Во мај, ако ситуацијата биде подобра екипите ќе излезат на мегдан на трките ширум светот.
Европската ракометна федерација се приклучи во одложувањето на натпреварите од елиминациската фаза. ЕХФ како опција го гледа летниот период, кога би се одиграле мечевите од завршницата.
Бундес лигата е последна која ги одложи натпреварите. Сабајлево, фудбалските активности ги стопираше англиската федерација.
Во нашата земја на почетокот како превентивна мерка се користеше играње без публика, но за викендов се одложени сите спортски активности и други општествени работи.
OhridNews