Локалната самоуправа да го подмири долгот на охридскиот веслачки клуб „ Југ“ за да не дојде до негово гаснење, побараа советниците Јоне Станковски и Павел Попоски на денешната 43- та седница на советот на општина Охрид. Нивниот предлог, точката да се стави на дневен ред на седницата беше подржан и од совениците Дејан Паноски и Љубомир Чаулев со цел што поскоро да се реши проблемот на клубот кој започна пред две години  поради загубен спор со МПЦ, за што клубот треба да исплати сума од 450.000 денари.

Градоначалникот уште пред две години презеде обврска дека ќе му се помогне на клубот. Денес дојдовме пред свршен чин, извршители затропаа на врата со цел да ја запленат опремата што би значело и гаснење на клубот и оние кои тренираат повеќе нема да можат тоа да го прават. Дел од советниците не покажаа волја да се стави предлогот на дневен ред и се дискутира со што можеби ќе изнајдевме начин како да се реши проблемот. Можеби локалната не ќе може да ја исплати  целата сума, но барем дел од трошоците, вели советникот Станковски.

Поповски со апел проблемот што поскоро да се реши.

Разочаран сум што не се прифати предлогот, еден клуб кој опстојува 8 децении да дозволиме, ние советниците, за сума од 450.000 деенари да згасне, навистина не можам да сум рамнодушен. Ако се заплени опремата клубот не може веќе да постои.Општинскиот буџет нема да осиромаши за таа сума, градоначалникот вети дека овој проблем ќе се реши и се надевам дека тоа ќе биде што поскоро бидејќи во спротивно трошоците ќе растат, вели Попоски.

Советникот Дејан Паноски потенцира дека мора стратешки да се носат одлуки со оглед на тоа дека станува збор за еден од најстарите водени спортови во градот.

Очекував поголем подршка и разбирање за проблемот за кој освен локалната самоуправа се информирани и Агенцијата за млади и спорт, македонскиот олимписки комитет, пратениците и владата. Како локална самоуправа и совет треба да се однесуваме стратешки и да имаме приоритети и еден од нив според мое мислење е развивањето на водените спортови во Охрид, додава Паноски.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески смета дека денешното барање на советниците е избрзано.

Во изминатиот период локалната самоуправа веќе презеде низа мерки. На клубот му се закануваше иселување, а локалната преку ЈП Билјанини извори понуди решение каде да се сместат пловните објекти, а допонително со разговори со министерството за одрана за обејкти кои со одлука на влада би и се доделиле на општината би се решил проблемот со сместување не само на овој клуб, туку и на останатите клубови за спортови со вода кои мака мачат со просторното прашање, вели Спасески.

Во два наврати, како и денешното , е издејствувано одложување на запленувањето на имотот на клубот.

– На денешната седница не можевме да дискутраме затоа што немаме претходно подготвени материјали ниту пак ја знаеме точната сума на обврската. Мора да се дефинира колку извршни решенија има, кој е главниот доверител, колку точно пари се должи за да може локалната да интервенира, додава Спасески.

Клубот „ Југ“  датира од 1932 година. Во моментов тренираат околу 20 веслачи.

Т.К.