Согласно Одлуката на Владата на РМ , вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување од 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година, информираат од Управата за јавни приходи. Тоа значи дека за околу 9.000 авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2015 година.
Со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555 фискалните апарати со ГПРС, УЈП отпочна со он-лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат, односно следење на финансиските извештаи и прометот на даночните обврзници во реално време.
Сите даночни обврзници кои вовеле фискален апарат со ГПРС уред, потребно е да отпочнат процедура за дерегистрација на старите фискални каси доколку не го сториле тоа до сега.
OhridNews