Владата на Република Македонија донесе заклучок за продолжување на рокот за влегување во сила (ефективниот датум) на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и новиот карго-аеродром во Штип.

Договорот беше склучен на 24 септември  годинава помеѓу Владата на Република Македонија, претставувана од Министерот за транспорт и врски и ТАВ Хавалиманларı Холдинг А.Ş. и ТАВ Македонија, ДООЕЛ Скопје.

Продолжувањето на рокот е резултат на глобалната економска криза поради која настанаа непредвидливи случувања, велат од Министерството за транспорт и врски.

Согласно со новиот рок ТАВ (TAV HAVALIMANLARI HOLDING А.Ş. и ТАВ Македонија, ДООЕЛ Скопје) ќе започне со оперирање и инвестирање во аеродромскиот систем во Република Македонија на 30 август 2009 година.

За таа цел, Владата на Република Македонија, претставувана од Министерот за транспорт и врски и ТАВ (TAV HAVALIMANLARI А.Ş. и ТАВ Македонија, ДООЕЛ Скопје) ќе склучат анекс  кон Договорот за концесија.

Ohridnews