Локалната самоуправа во Струга намерно и смислено го одолговлекува донесувањето на конечната одлука од која зависи кој во иднина ќе стопанисува со струшките пли, обвинува јавното правобранителство.
Како што е познато, Министерството за транспорт и врски пред неколку месеци го раскина договорот што општината го потпиша со екс министерот Џемаили Мехази за долгорочен закуп на плажите на 100 години за цена од само едно евро по метар квадратен, што според јавното правобранителство е „нереална и смешна сума“.
Правниот застапник на општината, Адријан Демири, вели дека од Врховниот суд на Р.Македонија побарале наместо основниот суд во Струга, по предметот да одлучува друг суд.
„Сметаме дека со самиот факт што јавното правобранителство, односно сега државното правобранителство и основниот суд во Струга користат иста зграда, би можело влијае на постапката и евентуално судот да биде пристрасен во конечното решавање на спорот“, вели Демири.
плажите ги скараа државата и градот
„Не ми се јасни причините поради кои локалната бара одредување на друг суд“, возвраќа јавниот правобранител Надежда Ѓореска која за одолговлекување на постапката најдиректно го обвинува општинското раководство, поради кое според неа е одложено и вчерашното рочиште.
Доколку опшината навистина сакаш да се реши ова прашање тогаш се ќе беше јасно уште на 5 јули вели Ѓореска, за која несфатливо е и зошто на сите судења постојано присуствувал градоначалникот Рамиз Мерко со комплетното општинско раководство.
Случајот сега е пред Врховниот суд кој треба да одлучува по барањето на општина Струга за изземање на Основниот суд во Струга од процесот.
Поради конфликтот мегу централната и локалната власт, плажите во Струга ова лето останаа неуредени.
Мики Трајковски