Дизни го одложи снимањето на “Pirates Of The Caribbean 5” за скоро цела година па така неговата премиера која беше планирана за 10ти Јули 2015, е преместена за втората половина на 2016 година.
Како причина за одложувањето било наведено дека главните лица од Дизни сакаат да бидат сигурни дека овој филм ќе биде еден од најдобрите во серијалот, па така мора да биде извршена ревизија на сценариото.
“Го имаме нацртот за филмот кој сите би го сакале, но деталите уште не се целосно дефинирани” изјавил продуцентот Јери Брукхајмер.