Снимањето на 23-то филмско продолжение за најславниот агент 007, Џемс Бонд, е откажано на неопределено време. Дистрибутерите на филмот кои требало да го финансираат завршиле во големи долгови.
Студиото МГМ моментално е ставено на продажба за да се надомести дел од долгот кој изнесува околу 3 милијарди евра. МГМ од 1962 година снимил 22 филма за Џемс Бонд, а актерот Данел Крег требало по трет пат да ја игра главната улога. Според планираното, филмот премиерно требаше да се прикаже во 2011 или 2012 година.