Здружението на новинари на Македонија го одложи одржувањето на редовното собрание на кое требаше да се изврши избор на претседател и органи на здружжението. Причина за ваквата одлука, како што истакна актуелниот претседател на здружението, Роберт Попоски, е големиот број на новозачленети и неможноста да се провери лигитимитетот на делегатите.


За да нема сомнеж во изборот на новите тела и органи на ЗНМ тричлената комисија за верификација на мандатите на делегатите донесе одлука собранието да се одложи и истото ќе биде закажано во најбрз можен рок одкако ќе биде извршена проверка на податоците на новите членови на ЗНМ, искана Попоски.


На одложеното собрание присуствуваа 371 делегат, од кои 204 се пријавиле доцна синоќа, а 117 пријави пристигнале непосредно пред почетокот на собранието.

OhridNews