Поставувањето на камен темелникот на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, најавено за денеска, се одложува за некој од наредните денови. Првично беше најавено дека свеченоста по повод отпочнување на реконструкцијата на наколната населба од бронзеното време, ќе се одржи денеска на пладне и дека на неа ќе присуствува премиерот, Никола Груевски, кој вечерва токму од Охрид ќе ја започне предизборната кампања.
Според најавите наколната населба ќе биде реконструирана до крајот на годинава.
ohridnews