Дербито на Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити во полуфиналето од карлинг купот е одложено поради снежните врнежи кои го зафатија Манчестер. И покрај таквите услови теренот бил подготвен за игра, но полицијата не дозволила публика на стадионот, па поради тоа мечот е одложен.

Исто така одложен е и останатиот полуфинален меч помеѓу Астон Вила и Блекбурн.

Натпреварот ќе се одигра во вторник 19 јануари.

М.П.