Со идентичен резултат 1-1, завршија пресметките помеѓу Кристал Палас – Лестер на „Селхурст Парк“ односно Челси – Астон Вила на „Стемфрод Бриџ“, додека поради зголемен број на позитивни случаи на ковид -19 во Манчестер Сити, одложено е дербито со Евертон на „Гудисон Парк“.
Во двата мечеви, кои завршија со поделба на бодовите, домаќините беа тие кои стигнуваа до водство. Кристал Палас поведе со голот на Вилфред Заха во 56-та минута, а, Лестер изедначи преку Харви Барнс седум минути пред крајот на мечот.
„Сините“, на домашен терен, резултатот го отворија во 38-та минута. Стрелец на голот беше Оливие Жиру. Астон Вила бод обезбеди со голот на Енвер ел Гази на стартот од второто полувреме.
Дербито на „Гудисон Парк“, Евертон – Манчестер Сити е одложено, откако „граѓаните“ пријавели зголемен број на заразени случаи со ковид -19 во клубот. Претходно, клубот од „Етихад“ ги пријави Кајл Вокер и Габриел Жесус дека се заразени од коронавирусот.
OhridNews